Викенд задоволство: Солена торта од макарони и Моцарела

500 г макарони
400 г мелено месо
300 г Mоцарела
2 јајца
100 мл доматен сос
1 морков
2 главици кромид
2 чешниња лук
сол и мелен црн пипер
Макароните сварете ги колку да подомекнат. Наредете ги во калап за торта и врз нив нанесете 200 г Моцарела, исечена на парчиња.
Меленото месо издинстајте го со кромидот и морковот, зачинете и додадете го лукот.
Врз наредените макарони ставете ги издинстаното месо и изматените јајца, па врз нив доматниот сос. Врз сосот наредете уште 100 г парчиња Моцарела. Печете 20-на минути на 220 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.