Попладнево виничанец кој бил повратник од Италија, а сместен во штипската болница поради сомнежи за корона вирус избегал од болницата и заминал дома, потврдија од Министерството за здравство.
Според информации лицето насилно го скршило прозорецот и излеголо преку него по што се одалечило во непознат правец.
Од МВР изјавија дека лицето е пронајдено дома, каде што со лекари го убедувале да се врати во болницата.
Пациентот и неговата партнерка која е хрватска државјанка пред неколку дена допатувале од Италија. Бидејќи почувствувале симптоми на вирусот отишле да се тестираат на инфективниот оддел на болница во Штип. Но, иако докторите им рекле да останат во болницата додека стигнат резултатите, тој го скршил прозорецот од собата во која бил сместен и избегал.
– Лицето е пронајдено во неговиот дом. Ќе остане во домашна изолација додека стигнат резултатите од тестирањето, велат од Министерството за здравство.
ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!
Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА
За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!
ИНФОГРАФИК ЗА ШИРЕЊЕТО НА КОРОНА ТУКА!!!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.