Виршла – совршена затка за дишните патишта на малите деца

Кога зборуваме за храна која е опасна за децата и може да предизвика гушење, многу луѓе прво помислуваат на грозје, пуканки или тврди бонбони.

Но, според медицинската сестра Ники Џаркуц, која е и мајка на три деца, една друга намирница може да биде најопасна за животот на детето.

Како што објасни Ники на својот Instagram профил Tiny Hearts Education, каде што редовно објавува совети за родителите, виршлите се на листата на високоризични намирници за бебиња и деца поради нивната структура, која буквално може да ги блокира дишните патишта и да предизвика гушење. Таа беше поттикната на оваа тема од две неодамнешни смртни случаи на мали деца предизвикани од гушење со виршли.
„Ако дизајнирате совршена затка за дишните патишта на детето, не би можеле да изберете подобра храна од виршлата. Тоа е храна со висок ризик од гушење за која не се зборува доволно. Виршлата има совршена форма и текстура за да ги блокира дишните патишта на детето“, објаснува таа во видеото.
Исто така, таа им дава совети на родителите како правилно да исечкаат виршла ако и натаму сакаат да му го послужат на своето дете ова јадење, а притоа да го намалат ризикот од гушење што е можно повеќе.

„Не сечкајте ја на кругови кога му ја послужувате на вашето дете“, советува таа.
„Тие целосно ги блокираат дишните патишта. Исечкајте ја на тенки стапчиња, па дури и да се заглават, сè уште има простор за вдишување воздух“, вели Ники.

Бајден: САД работат на тоа да им се овозможи на раселените од северен Израел да се вратат дома
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека „работи“ на тоа да им се …
КОЈ Е ИБРАХИМ АКИЛ? Беше фигура во сенка на Хезболах
Ибрахим Акил, познат и како Тахсин, е клучен оперативец на Хезболах од …
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.