Лесен доручек за здрав почеток на денот.
СОСТОЈКИ ЗА 4 ПОРЦИИ:
1 манго
3 шолји бејби спанаќ
1 шолја јагоди
1/2 шолја смрзнати капини
1/2 шолја смрзнати малини
2 лажици мед
1 шолја баемово или кокосово млеко
семки по желба, за украсување
чиа семки по желба, за украсување
свежо овошје по желба за украсување
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во блендер измешајте манго, спанаќ, јагоди, малини, капини, мед и млеко. Треба да биде погусто. Ставете во садови и украсете со семки, чиа и свежо овошје.
Уживајте!