Вкусен и крцкав домашен чипс

Потребни состојки:
компири
1 лажица оцет
масло за пржење
Подготовка:
Убаво исчистете ги компирите и со нож за компири исечкајте ги на потенки листови. Ставете ги во соодветен сад, прелијте ги со вода и додадете една лажица оцет. Оставете ги да отстојат 1 час, па истурете ја со водата и прелијте ги со нова, но овојпат без оцет. Оставете ги да отстојат околу час и половина.
Потоа убаво исцедете ги компирите и ставете ги на крпа да се впие целата течност. Загрејте го маслото и ставајте ги компирите лист по лист. Потребни им се само неколку секунди за да се испржат. Посолете по вкус.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.