Потребни состојки:
2 јајца
ванилин шеќер
100 грама шеќер
50 милилитри сончогледово масло
50 грама путер
340 грама брашно
10 грaма прашок за пециво
За крем:
200 грама праски (од компот)
400 милилитри млеко
10 грама ванилин шеќер
1 жолчка од јајце
3 лажици пченкарно брашно
200 милилитри шлаг
сечкани бадеми
Начин на подготовка:
- Во поголем сад ставете ги јајцата, ванилиниот шеќер и маслото, па добро изматете ги со миксер. Додадете путер и измешајте. Потоа додадете брашно и прашок за пециво и со раце измесете го тестото.
- Одделете дел од тестото и формирајте топче од него, завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го во замрзнувач околу 20 минути.