Мицкоски се сретна со Вучиќ

Економските и инфраструктурните проекти биле во фокус на средбата помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Како што објави Вучиќ на неговиот Инстаграм-профил, со Мицкоски разговарале и за зајакнување на односите и заеднички иницијативи за постабилна иднина на граѓаните на двете земји.

-Разговаравме за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент на изградбата на железничката пруга Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја, која би ги поврзала јужна и централна Европа, како и за подобрување на трговската размена и соработка во областа на енергетиката. . Се согласивме дека солидарноста и меѓусебната поддршка се клучни за стабилноста и развојот на целиот регион – пишува тој.

Српскиот претседател додаде дека е благодарен што Северна Македонија е еден од клучните партнери во иницијативата Отворен Балкан.

-Нашата заедничка цел е подобра иднина за сите граѓани, а соработката преку иницијативата Отворен Балкан и други проекти останува цврста основа врз која ја градиме иднината на целиот регион. Убеден сум дека и во иднина ќе продолжиме да ги развиваме односите во духот на пријателството и партнерството – додаде Вучиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: