Ако сте љубители на турското кафе, овој рецепт сигурно ќе ви се допадне. Кога ќе го комбинирате турското кафе со таан и чоколадо ќе добиете одличен вкус!
Вкусни и брзи: Колачиња со чоколадо, таан и турско кафе
Потребни состојки:
120 милилитри таан
20 г шеќер
1 јајце
1/4 лажичка сол
200 г брашно
3/4 лажичка сода бикарбона
1/2 лажичка турско кафе
75 г чоколадни струготини
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерна на 170 степени.
Комбинирајте ги таанот и шеќерот и миксирајте ги.
Додајте го јајцето и солта. Миксирајте.
Додајте ги брашното, содата бикарбона и турското кафе. Мешајте додека не се соединат состојките (ќе изгледа суво на почетокот).
Додајте ги чоколадните струготини.
Потоа со лажица ставете од тестото на хартија за печење.
Печете за 10 минути.