Ако ја посетите Португалија, тешко е да ги избегнете овие кремасти колачиња Pasteis de nata кои се јадат во текот на денот, како појадок, ужина или десерт. Првпат ги направиле католички монаси во манастир во Лисабон во 18 век.
Вкусни колачиња кои ќе направат да се чувствувате како во Португалија
Потребни состојки:
200 г бел шеќер
1 лажица брашно
150 милилитри млеко
1 лажичка цимет
70 милилитри вода
¼ лажици екстракт од ванила
3 жолчки
1 пакет лиснато тесто (приближно 300 грама)
Начин на подготовка:
Загрејте ги млекото и одделете ги жолчките од белките.
Во сад измешајте 50 милилитри топло млеко со брашно и екстракт од ванила. Кога ќе добиете изедначена смеса, истурете ја во преостанатото загреано млеко.
Во посебен сад измешајте ги шеќерот, водата и циметот и оставете ја течноста да зоврие.
Полека измешајте го шеќерниот сируп со смесата со млекото и истурете ги жолчките. Измешајте сè добро со жица за матење додека не добиете изедначена смеса.
Развлечете го лиснатото тесто со дебелина од околу еден сантиметар.
Исечете кругови што ќе се вклопат во калап за мафини. Наполнете ги калапите со смесата од млеко и жолчки.
Печете ги во загреана рерна на максимална температура од 275 степени Целзиусови, околу 9 до 10 минути додека не видите црни дупки на површината на колачите.