Состојки
4 чаши брашно
2 и1/2 чаши млака вода
1 лажица сув квасец
2 лажици шеќер
1 лажиче сол
1 лажиче ракија
Масло за пржење
Превкусни, едноставни, брзи, посни…. мерацииии.
Потребно е само еден сад, 5 минути од вашето време за подготовка и околу 15 минути за пржење.
Во еден сад ја ставаме водата, шеќерот, квасецот и лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Додаваме сол, ракија и брашно.
Смесата ја соединуваме со миксер.
Садот го покриваме со прозирна фолија и го оставме реткото тесто да се дуплира.
Може да се замесат и навечер, да одстојат во фрижидер преку ноќта и утрото да се испржат.
Во касерола загреваме масло на умерен оган, никако на јак, бидејќи нема да се испржат во внатрешноста.
Со помош на намастена лажица земаме од тестото и спуштаме во загреаното масло.
Пржиме од едната, па од другата страна.
Испржени ги редиме на хартиени салфети.
Потоа ги сервираме со џем, слатко, шеќер, сирење……
Забелешка – користена е чаша за млеко од 200 мл за двете состојки, значи со иста чаша мериме