Вкусно: Подгответе домашно тоблероне

200 g чоколада за готвење
150 g маргарин
200 g шеќер
2 лажици мед
1 dl млеко
100 g сечкани лешници
100 g сечкани бадеми
150 g мелени бисквити


За глазурата:
100 g чоколадо за готвење и 3 лажци масло
Подготовка:
Стопете ги маргаринот, чоколадото, медот, шеќерот и измешајте ги со млекото. Кога смесата ќе се соедини, додадете ги лешниците, бадемите и бисквитите. Смесата ставете ја во триаголен калап, но претходно ставете фолија во калапот за да можете полесно да го извадите колачот кога ќе се стегне.
Откако ќе се стегне убаво во фрижидер, извадете го и премачкајте го колачот со глазурата и вратете го во фрижидер.
Откако ќе се стегне и глазурата, ужвајте во неповторливиот вкус на домашното тоблероне.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.