Најдобри се оние колачи кои не се скапи, лесно се прават, а вкусот им е фантастичен. Ова е еден од нив.
Тесто:
1 чаша од јогурт шеќер
1 чаша од јогурт брашно
3 јогурти
1 лажичка сода бикарбона
1/2 чаша од јогурт масло
3 лажици какао во прав
100 г чоколадо за глазура (може но и не мора)
Сируп:
10 лажици шеќер
17 лажици млеко
1/2 маргарин (125.г)
3 лажици какао во прав
Подготовка: Состојките за тестото убаво изматете ги да добиете еднолична и мазна смеса. Тавата за печење намачкајте ја со масло и наросете со брашно. истурете ја смесата, израмнете и печете околу 30 минути во рерна загреана на 200 степени. Испечениот колач, проверете со чепкалка дали е испечено, оставете да мирува пет минути. Сите состојки за сирупот ставете ги да зовријат и да добиете еднолична смеса. Исечете го колачот на коцки и прво со сирупот истурете по рабовите а потоа и по површината. Оставете да отстои барем половина час. Потоа полијте со глазурата.