Согласно одлуката, ќе се намалат коефициентите на платите на именувани функционери во Владата, национални координатори и други функционери, директори и други именувани лица на органи во состав на министерствата, директори и други именувани лица на самостојни органи на државната управа, раководни лица во управни организации, агенции, фондови и други правни лица основани со посебни закони, на казнено-поправни установи
Откако во Собранието неодамна беа изгласани законските измени со кои се намалуваат коефициентите на платите на избраните и именуваните функционери, на денешната владина седница е донесена одлука со која се намалуваат коефициентите за пресметување на платите на функционерите кои ги именува Владата.
Согласно одлуката, ќе се намалат коефициентите на платите на именувани функционери во Владата, национални координатори и други функционери, директори и други именувани лица на органи во состав на министерствата, директори и други именувани лица на самостојни органи на државната управа, раководни лица во управни организации, агенции, фондови и други правни лица основани со посебни закони, на казнено-поправни установи.
„Станува збор за усогласување на коефициентите на именуваните лица од страна на Владата согласно Законот за изменување на законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија (‘Службен весник на Република Северна Македонија’ бр.51/24), којшто предвидува промена на коефициентите по коишто се пресметува платата на избраните и именуваните лица“,
информираат од Владата.
Со пакетот закони кои беа изгласани во Собранието на крајот на февруари, а со кои се намалуваат коефициентите на платите на избраните и именуваните лица, опфатени се 1 060 лица од оваа категорија како што се претседателот, пратениците, министрите, судиите, јавните обвинители, членовите на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители.