Владата на РСМ на вчерашната седница му даде рок од три месеци на Министерството за земјоделство да укаже на можни локации каде би можеле да се лоцираат мечките, за што во изминатиот период алармираат жителите на Маврова.
Состојбата со кафеавата мечка која е под заштита од лов по втор пат е на дневен ред на владината седница. Претходно, на 3 октомври Владата ги разгледа и ги одобри предлозите на надлежните министерства за решавање на проблемите со мечките, пренесува Телеграф Македонија.
- Седлоски: Секој меч во втората полусезона ќе биде како финале за Вардар
- Познато кои се ќебапчилниците за кои Груби потрошил 20 илјади евра
- Александра Пријовиќ е бремена, пејачката го чека второто дете
- БУГАРИЈА ОСТАНА БЕЗ ГАС ОД АЗЕРБЕЈЏАН: Зошто е прекинато снабдувањето со гориво?
- Вана откри како настанала песната „Tek je 12 sati“: Од самиот почеток знаевме дека песната е посебна (Видео)
- ЗАД КУЛИСИТЕ НА РУСКАТА ВЛАСТ: Џуд Ло ќе го игра Путин во „Волшебникот од Кремљ“
- (Видео) На 9 јануари 2007 година „Apple повторно го измисли телефонот“
- Џонсон брутално го навреди Путин: „Владимир, еб*н идиоту, готово е, нема повеќе Руска империја“ (ВИДЕО)
- Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патот Струга – Ќафасан
„Владата на Република Македонија на денешната седница ја разгледа и одобри Информацијата за состојбата на кафеавата мечка која е под заштита и е забранета за лов. Владата ги задолжи надлежните институции да преземат конкретни мерки во однос на одобрените информации“, се наведува во соопштението по вчерашната седница на Владата.
Обврските што министерството мора да ги спроведе имаат рокови кои предвидуваат изработка на акционен план за кафеавите мечки, формирање интервентен тим и листа на можни локации за нивно преместување.
Владата соопшти дека директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангеллов е ангажиран да ги координира активностите на институциите.
Општина Маврова и Ростуша на крајот на септември побараа од Владата да прогласи кризна состојба на целата територија на општината поради зголеменото присуство на кафеавата мечка на овие простори и опасноста што таа претставува по животот на жители.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.