Панајотис Стафилос е млад човек кој ја преживеал железничката несреќа во Грција во која загинаа најмалку 50 лица. Овој млад човек имал билет за второто купе, но направил мала грешка – ги измешал бројките.
- Компанијата-изведувач во Кисела Вода за 4 години добила 4 забрани за работа и 14 прекршочни платни налози за безбедност и здравје при работа
- Уапсени две лица-администратори на нелегален онлајн пазар во Голема Речица
- Мистеријата околу Меланија Трамп: Се појави на балконот, но многумина тврдат дека таа не е вистинската прва дама
- Јаневска за врсничкото насилство: Ако нема помош од родителите, нема успех
- Уапсен возач на автобус, возел патници без да поседува возачка дозвола!

Првиот и вториот вагон на возот се речиси целосно уништени во судирот со товарниот воз, изјави регионалниот гувернер. Овој млад човек, да седеше каде што треба, веројатно ќе беше мртов.
Петтиот вагон во кој случајно се наоѓало младото момче успеал да остане на патеките. Во интервју за Би-Би-Си, тој рече дека „можеби по чиста среќа или Господ“ не е меѓу повредените или загинатите во несреќата. Стафилос вели дека луѓето во неговиот воз биле загрижени по инцидентот и тој се обидел да им помогне и да ги смири.
„Прво ги скршивме прозорците, но немавме соодветни алатки за да го направиме тоа… па се обидовме да ја скршиме вратата“, рече тој.
На крајот пристигнала брза помош да им помогне. Стафилос вели дека возот доцнел околу 15 минути на станицата во Лариса пред судирот, но тој не размислувал многу за тоа во тоа време бидејќи доцнењето е вообичаено во Грција.
Пронајдете не на следниве мрежи:



