Годинава што изминува е четвртата најтопла година откако е започнато со мерењата на температурите кон средината на 19-от век, соопшти денес Светската метеоролошка организација (ВМО). Агенцијата на ОН наведува дека во последниве четири години се измерени четирите највисоки просечни годишни температури. 20-те најтопли години се во изминатиот век и половина се регистирани во последниве 22 години.
Според предвидувањата на ВМО во следните три месеци постои 75 до 80 процентна веројатност за појава на метеоролошкиот феномен „Ел Нињо“. Тој се јавува на секои неколку години и се манифестира со промени во температурите на површината на Тихиот Океан. Тоа, пак, резултира со сушни периоди во тропските региони и со намалување на способноста на шумите да го апсорбираат јаглерод диоксидот.