Воените потреби на Киев, тема на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина во воено-воздухопловната база Рамштајн, Германија. Обновени повиците за дополнителна противвоздушна одбрана и олабавување на ограничувањата за тоа колку далеку во Русија, Украина може да употреби оружје од партнерите.
„Одбележуваме еден месец од нашата операција во Кускиот регион во Русија. Украинските сили сега контролираат 1.300 квадратни километри во Курск. Значаен дел од територијата е преземен од нашите сили во битките. Треба да ја имаме оваа способност од долг дострел, не само на поделената територија на Украина, туку и на руската територија, за Русија да биде мотивирана да бара мир. Треба да ги натераме руските градови, па дури и руските војници да размислуваат за тоа што им треба, мир или Путин“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Американскиот претседател Бајден ќе одобри дополнителна безбедносна помош од 250 милиони долари за Украина, објави американскиот секретар за одбрана. Курск ја стави Русија во дефанзива, знаеме дека злобата на Путин е длабока, предупреди Лојд Остин.
И Велика Британија најави дополнителна помош од речиси 200 милиони евра. Од 2022 година, земјите-партнери на Украина обезбедија околу 106 милијарди долари помош, од кои повеќе од 56 милијарди долари се од САД.
„Украина продолжува да покажува иницијатива на бојното поле. Додека Курск ја стави Русија во дефанзива, знаеме дека злобата на Путин е длабока. Москва притиска, особено околу Покровск. Загубата на Покровск би можело да ги стави на ризик дополнителни украински градови‘, изјави Лојд Остин, секретар за одбрана на САД.
Во меѓувреме, Министерството за правда на САД го прошири обвинението против Русија за нападите со злонамерниот софтвер Whisper Gate, чија цел била уништување на компјутерските системи во Украина и 26 сојузници на НАТО. Руски воени разузнавачи се товарат за заговор во пресрет на целосната инвазија на Русија на Украина во 2022 година.
„Со цел да го намалат моралот на украинската јавност, обвинетите украдоа и протекоа лични податоци на илјадници украински цивили, вклучително и со објавување информации за здравјето на пациентите и други чувствителни приватни податоци“, рече Метју Олсен, помошник-јавен обвинител, Оддел за национална безбедност.
Американската влада нуди награди од 60 милиони долари за информација до локациите која води до разузнавачите. Сите шестмина најверојатно се во Русија.