71 годишниот Никос Селемидис, активен учесник во некогашната Југословенска Народна Армија со години талка по институционалните лавиринти за да докаже дека пензијата му била погрешно пресметана.
Селемидис вели дека и покрај обидите никако не може да дојде до записот за пресметка на воената пензија од времето на Југославија. Селемидис е убеден дека нашите институции го имаат изгубено документот поради што не може да стаса до него.
Одлуката за начинот и постапката за исплата на пензиите и другите примања на воените осигуреници кои остануваат на македонска територија е објавена во лужбен весник број 33 во април 1992 каде според членот три, надоместоците ќе се исплаќаат усогласени со 26.55%. Но во што конкретно се сомнева овој некогашен војник.
Со години Селемидис континуирано се врти во магиѓичниот институционален триаголник ПИОМ, министерство за труд и комисијата за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
Според Селемидис како најодговорна и должна за пресметката е ПИОМ каде и е неговото досие, за што побаравме одговор оттаму – како била направена пресметката и дали државата во вакви случаи кога се работи од време на СФРЈ е ненадлежна односно пред независноста е ненадлежна и не се во можност за постапување како и што стои во одредени документи од државните органи од каде појаснуваат.
– Согласно во Одлуката за начинот и постапката за исплата на пензиите и другите примања на воените осигуреници кои остануваат на територијата на Република Македонија е преземена исплатата на пензиите од бившата ЈНА. Одлуката за начинот и постапката за исплата на пензиите и другите примања на воените осигуреници кои остануваат на територијата на Република Македонија, е донесена по напуштањето на територијата на Република Македонија на бившата ЈНА, со цел корисниците на пензија од бившата ЈНА, кои се жители на Република Македонија, да бидат материјално обезбедени, односно да не останат без материјални средства за живот. Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија во повеќе наврати преку дописи му одговорил на барањата и го информирал лицето Никос Селемидис за начинот на кој е утврдена висината на пензијата и детално за сите проценти на усогласување од 1992 до 2023 година. – пишува со соопштението испратено до телевизија 24 на поставеното прашање.
Никос вели дека ќе ја бара правдата до крај и не се откажува. Освен докажувањето со овие три институции за темава се има обраќано и до српскиот пензиски фонд, народниот правобранител, како и преку неколку судски постапки со кои сака да докаже дека е во право и оштетен со според него лошата пресметка.