Возач со 4.03 промили алкохол фатен во Битола

При контрола на сообраќајот во Битола кај возач констатирано присуство на 4.03 промили алкохол, соопштија од МВР.

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на денешниот ден (06.02.2024) продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на СВР Битола биле контролирани 135 возила од кои 23 упатени на технички преглед. При контрола кај возач од Битола констатирано било присуство на 4.03 промили алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.