Возела во спротивна насока, па усмртила тричлено семејство- кога болничарите ѝ пришле се запрепастиле од глетката

21-годишната Еби Мајс убила тричлено семејство на автопат во Охајо кога возела во спротивна насока.
На лице место настрадале 51-годишниот Тими Томпсон, 10-годишната ќерка Теса Томпсон, додека 50-годишната мајка починала во болница.
Како што е наведено, Еби после полукружното свртување преминала преку површина која ја раздвојува спротивната насока од автопатот и продолжила да вози во погрешна насока.

После десетина секунди, во нејзиното возило удрил автомобилт на семејството Томпсон.
Кога болничарите стигнале на лице место, затекнале ужасна глетка. Обидувајќи се да ја оживеат Еби, виделе дека од нејзината уста тече пиво така што немало дилема дека возела под дејство на алкохол.
Се претпоставува дека се враќала од прослава на Свети Патрик, а во торбата ѝ било пронајдено и виски.
Сега ќе се соочи со обвинение за тројно убиство.
Поради несреќата патот бил затворен 4 часа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.