Возило удрило во пешак на автопатот Тетово-Гостивар






Вчера (1 март) во 11.42 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопат Тетово – Гостивар, во близина на тетовска наплатна станица, патничко возило „сеат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 42 годишниот Б.М. од  гостиварско, удрило во пешакот В.Д. на возраст од 41 години од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Клиничка болница Тетово, извести МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: