недела, 15 ноември 2026
Најново

Почина кученцето кое беше крвнички претепано со метална шипка

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Почина кучето Феликс кое кон крајот на ноември 2024 година беше крвнички претепано со метална шипка. Оваа информација денеска ја споделија од ЈП „Лајка“. Оттаму појаснија дека кучето имало бројни подобрувања и влошувања на здравствената состојба, но за време на раните утрински часови, добило напад кој за него бил фатален како резултат од многу здравствени компликации.

-Во последните месеци од неговиот живот Феликс, за прпват беше опкружен со љубов, грижа, топлина, најубава храна и радост. Првпат имаше шанса да почувствува како е да се биде сакано куче. За жал и последен, стои меѓу другото во објавата на „Лајка“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Лајка“ најави дека ќе поднесе кривична пријава против сторителот и соучесниците во кривично-правниот настан.

Оваа грозоморна случка наиде на бројни реакции на социјалните мрежи, многу осуди, но и многу апели за да се помогне на кучето и случајот да се истера докрај.

Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.К.(61) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од граѓанин на 19.11.2024 во 09 часот дека во Момин Поток-индустриска зона, Љ.К. со тврд предмет нападнал куче и му нанел повреди.

Тогаш беше соопштено дека со Љ.К. е извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ на РСМ.

Поврзани вести