Образовниот систем во Франција се соочува со сериозна криза, откако ученичките протести влегоа во осмата недела, а стотици училишта беа блокирани или привремено затворени.
Учениците бараат подобри услови за настава, поправки на дотраените училишни објекти, повеќе наставници и поправеден систем за прием на универзитетите.
Според денешниот извештај на британскиот Guardian, повеќе од 360 ученици и 245 вработени во образованието биле повредени во текот на немирите.
Дел од учениците изгубиле и до 150 часа настава, што предизвикува особена загриженост кај матурантите и нивните родители.
Наставничките синдикати предупредуваат дека продолжувањето на блокадите може сериозно да влијае врз образовниот процес и бараат дијалог за надминување на кризата.




