Вознемирувачки дезинформации се споделуваат по социјалните мрежи за Вања

Потрагата по 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје продолжува и денеска. На барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница од страна на Интерпол.

Во Скопје се одржува настан на ОБСЕ против насилство врз млади жени и девојки
  Настан на ОБСЕ против насилство врз млади жени и девојки се одржува попладнево во главниот град на државава. Станува збор за настан во рамки на 16 дена активизам против родово-засновано насилство. Министерката за образование …
Филипче: Следува нов почеток и пресвртница во делувањето на СДСМ
  СДСМ денеска во Скопје го одржува 30. конгрес на кој ќе се донесе одлука за избор на новиот состав на Централниот и Надзорниот одбор на СДСМ и избор на заменик претседател/ка на СДСМ. Пред …

Од МВР информираа дека за решавање на случајот и пронаоѓање на 14-годишното девојче е постапено веднаш по добиената пријава, вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани се камери. Податоците за исчезнатото лице на 28 ноември во 13.00 часот се ставени на Стоп-листа на граничните премини, а на барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за исчезнато лице од страна на Интерпол, велат од МВР.

Семејството и полицијата постојано апелираат да не се споделуваат дезинформации на социјалните мрежи и во медиумите кои ја попречуваат истрагата и го вознемируваат семејството на исчезнатото девојче. Доколку продолжат да се шират разни вознемирувачки дезинформации за Вања, време е МВР да преземе конкретни мерки и да ги санкционира сите оние кои ја попречуваат работата, а воедно и креираат големи невистини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.