Првото бебе создадено со ДНК на три лица е родено во Британија, откако лекарите спроведоа револуционерна процедура за ИВФ чија цел беше да се спречи наследување на неизлечива болест.
Техниката, позната како терапија со митохондријална донација (MDT), користи ткиво од јајце клетки на здрави женски донатори за да создаде ембрион без опасни мутации кои мајките би можеле да им ги пренесат на своите деца, пишува „The Guardian“.
Бидејќи спермата и јајце клетките на биолошките родители се комбинирани во ембрионот со митохондриите од донаторското јајце, добиеното бебе има ДНК на мајката и таткото, плус мала количина генетски материјал (околу 37 гени) од трето лице.
Истражувањето беше започнато во Обединетото Кралство од страна на лекарите во Центарот за плодност во Њукасл. Научниците сакале да им помогнат на жените со мутирани митохондрии да имаат деца кои нема да ги наследат генетските мутации.
Имајќи предвид дека сите наши митохондрии ги наследуваме од нашите мајки, штетните мутации можат да влијаат на здравјето на децата, велат познавачите. Некои бебиња може да се родат здрави бидејќи наследиле само мал дел од мутираните митохондрии, но други може да добијат многу повеќе такви мутации и да развијат тешки, прогресивни и често фатални болести.
Велика Британија не е првата земја во светот во која се родиле бебе преку оваа процедура. Во Америка во 2016 година се родило првото дете зачнато со помош на техниката МДТ.