Според последните податоци од ажурирањето на членството на ВМРО-ДПМНЕ, поразително е што во Струмица партијата има само 320 членови, вели во денешното гостување во „Тешки муабети“ професорот и член на внатрепартиската фракција на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Андонов.
– Не знам дали знаете дека според последното ажурирање во општинскиот комитет во Струмица има само 320 членови. Поразително. Општинскиот комитет има и пратеници и член на Извршниот комитет, пратеничката Ели Панова, вели Андонов.
Тој додава дека постои договор меѓу Христијан Мицкоски и поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, за што вели дека е коалиција на олигархијата.
Целата епизода гледајте ја во живо во продолжение: