Згрозени сме од веста дека во Жировница се убиени мечка и нејзините две мечиња, рече главниот државен инспектор за животна средина Сретен Стојковски на прес-конференцијата на која го презентираше шестмесечниот извештај за работата на Инспекторатот.
Стојковски потоа рече дека често Инспекторатот добива пријави од граѓани дека непознати лица фрлиле отров за да убијат диви животни, што е недозволиво и казниво со закон.
Чести се и пријавите за фрлен отров со цел несовесни граѓани да убијат кучиња скитници или мачки, рече Стојковски, притоа посочувајќи дека тоа не е само криминален чин, не е само нехуман однос кон животните, туку и дека на тој начин може да се загрози животот на децата кои често играат во трева, но и на луѓето воопшто.
Инаку, лов на мечки во Македонија е забранет со закон.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.