Во Манчестер избодени три лица, напаѓачот приведен

Loading...

Како што пренесуваат британските медиуми маж на сред улица во Манчестер избодел најмалку три лица. Нападот се случил на станицата Викторија во Манчестер, а напаѓачот извикувал „Алах Акбар“ додека полицијата го приведувала.
Меѓу повредените се маж и жена на околу 50-годишна возраст и еден полицаец, и сите тројца се пренесени во болница. Нивните повреди се сериозни, но не се опасни по живот. Според изјави на очевидци, луѓе бегале испаничени додека напаѓачот ги бодел со нож.

 

 

loading...