Во последната недела регистрирани 56 нови случаи на голема кашлица, три деца се хоспитализирани


Најголем дел од заразените, односно 54, се во Скопје, а по еден е пријавен во Струмица и Дебар. Заболените се на возраст од 0 до 70 години, а најголем број се деца на возраст од 10 до 14 години. Од новопријавените 56 случаи на голема кашлица, хоспитализирани се три деца – две под една година и едно од групата од 1 до 4 години

Во текот на изминатата недела во земјава се регистрирани 56 нови случаи на голема кашлица, односно двапати повеќе во однос на неделата пред неа, објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во својот најнов извештај кој го опфаќа периодот од 23 до 29 февруари.

Најголем дел од заразените, односно 54, се во Скопје, а по еден е пријавен во Струмица и Дебар. Заболените се на возраст од 0 до 70 години, а најголем број се деца на возраст од 10 до 14 години. Од новопријавените 56 случаи на голема кашлица, хоспитализирани се три деца – две под една година и едно од групата од 1 до 4 години.

Заклучно со 29 февруари, во земјава се пријавени вкупно 123 случаи на голема кашлица со инциденца од 6,7/100 000 жители. Најголем дел од заразените (109) се во Скопје, пет во Тетово, четири во Куманово, два во Гостивар и по еден случај е регистриран од Струга, Струмица и Дебар.

Од вкупно 123 лица кај кои е регистрирана голема кашлица, 77 не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или немаaт доказ за вакцинација. Од вкупниот број на заболени, хоспитализирани се 27 лица, а 22 од нив се деца на возраст до четири години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.