Во случај да ви снема леб, пробајте го овој рецепт

Во случај да ви снема леб, пробајте го овој рецепт

Продавниците се затворени, а вие сте останале без леб, немојте да се грижите. Постојат рецепти кои може да ги подготвите дури и ако сте во изолација и имате само основни состојки како масло и брашно.
Познатиот готвач Брендон Џонсон сподели рецепт за лепчиња чие подготвување е многу едноставно и лесно дури и за оние кои никогаш не направиле леб. Токму затоа овој рецепт одушеви над 193.000 луѓе кои го споделија на социјалните мрежи.
Потребно ви е брашно, масло и прашок за пециво, малку сол и вода.
„Немате леб? Ова е наједноставниот начин да го направите. Евтино и со него може да преживеете тешки времиња. Моето семејство преживеало со него“, напиша Џонсон.
За шест лепчиња потребено е:
2 шолји брашно
1- 1 1/4 шолји топла вода, по потреба
лажичка пециво
лажичка сол
лажичка масло или путер
Подготовка:

Се мешаат состојките додека не добиете тесто како тоа за пица. Оставете го во садот 30 до 60 минути да мирува. Поделете го тестото на шест еднакви делови и израмнете ги на подлога наросена со брашно. Кората нека биде со дебелина на тортилја.
Може да ги печете додека не добијат златеста боја, па свртете на другата страна, подеднакво да потемнат.
Потоа може да ги смрзнете и да ги јадете и некој друг ден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.