Во судири во Париз најмалку 65 повредени

На протестот на „жолтите елеци“ кој и денес се одржа во Париз поради зголемувањето на таксата за горивото дојде до судир помеѓу демонстрантите и полицијата. Првичните информации се дека се  повредени најмалку 65 луѓе, од кои 11 полицајци, но се очекувава бројката да надмине и 100.
Судирите избија кога помала група демонстранти поставија барикади на улица во центарот на Париз и запалија гуми. Полицијата употреби солзавец и водени топови против демонстрантите кои се обидоа да го пробијат безбедносниот кордон на Елисејските полиња и фрлаа камења врз припадниците на безбедносните сили пред Триумфалната капија.
Власта во Франција стравува дека приврзаници на ултра десницата и на левицата се обидуваат да се инфилтрираат во движењето „жолти елеци“ кои протестираат поради зголемување на таксите на горивото.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.