Во утробата на ајкулата убиец во Хургада најдена главата на убиениот турист

Главата на турист, наводно, била пронајдена во ајкула по ужасен напад во Црвеното Море во Египет. Експертите веруваат дека истата женка минатата година убила двајца капачи и се вратила во одморалиштето барајќи „лесен плен“.

Во утробата на ајкулата убиец во Хургада најдена главата на убиениот турист

Се вели дека тигарска ајкула е одговорна за убиството на руски турист во Црвеното Море минатата недела.

Да потсетиме, туристите во Хургада во ужас гледаа како 23-годишен маж е нападнат од тигреста ајкула – играјќи си со неговото тело два часа.

По нападот, локалниот жител Мохамед отиде на рускиот канал Телеграм и зборуваше за неговиот застрашувачки обид за спасување.

Тој рече: “Кога допливав до човекот, водата беше полна со крв. Тогаш видов дека тој нема повеќе раце. А потоа се појави ајкула. ​​Веднаш сфатив дека нема спас за него, имаше и жена во вода.Беше во целосен шок.

„Успеав да ја извлечам од водата и да ја доведам до брегот, а потоа веднаш допливав назад до човекот“.

Телото на момчето наводно било прегледано од форензичари во мртовечницата во Хургада, кои тврделе дека е „осакатено и недостасуваат многу делови“, пишува британски The Sun.

Се вели дека ајкулата му ја откинала главата, му го изобличила лицето и одвоила делови од телото кои биле извлечени од морето.

Египетскиот информативен сајт Ал Арабија тврди дека посмртните останки на Попов, вклучително и неговата глава и рака, биле пронајдени во расчленета ајкула, пишува The Sun.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.