Тортата Династија е создадена во средината на 1980-тите години, во време кога познатата американска серија со истото име беше популарна, а некои велат дека ова е одговорот на Југославија на култната серија. Состојки: За кори
15 белки 450 гр шеќер 150 гр сечкани ореви 3 лажици брашно За фил 15 жолчки 8 дл. млеко 3 пудинзи од ванила 8 лажици шеќер 6 ванилин шеќер 200 гр путер 16 лажици шеќер 100 гр чоколадо за готвење 2 шлага Подготовка: Кори Оваа торта е малку понапорна, па за да направите вистинска, вкусна Династија, треба да испечете три кори. На плех ставете мрсна хартија и додајте уште малку масло, печете ги корите една по една, така што трипати ќе изматите по пет белки. Во смесата со белки постепено додавајте шеќер, прво 150 грама и на крај 50 грама сечкани ореви и една лажица брашно. Секоја кора се пече 45 минути на 150 степени. Фил Сите три пудинга сварете ги со 8 дл млеко и почекајте да се изладат и стврднат. Додека се чека тоа, изматете 200 гр путер со 16 лажици шеќер и додадете 15 жолчки една по една. Мешајте додека не добиете изедначена смеса. Додадете ги изладените пудинзи и сè лесно измешајте со миксер. Добиениот фил поделете го на два дела, во едниот дел додадете 6 кесички ванилин шеќер, а на другата половина 100 гр растопено чоколадо. На приготвената кора премачкајте слој жолт, па слој кафен фил и ставете врз следната кора, па повторно премачкајте. На последната кора ставете шлаг и вашиот десерт е готов!
Пронајдете не на следниве мрежи:
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.