Во Њујорк поставени вреќи врз кои граѓаните ќе го „истураат“ бесот

Њујорчани отсега ќе можат да се ослободуваат од своите фрустрации и негативна енергија удирајќи во бандери, односно во посебни жолта „јавна боксерска вреќичка“ закачена на нив.
Загадувањето на воздухот, сообраќајниот метеж, сирените од возилата, судирите со луѓе и постојаната бучава се штетни за нашите нерви. Затоа, тим млади дизајнери од Џорџија, САД, ги создадоа овие перничиња за гнев, коишто прво ќе бидат тестирани во Њујорк.


-Концептот на овие вреќички е да им понудиме на луѓето нешто на кое ќе можат да „ги истурат“ сите свои фрустрации. Мислиме дека на овој начин ќе ги натераме луѓето на поздрав начин да го намалуваат стресот и така, да не го насочуваат кајшто не треба, соопшти дизајнерското студио „donttakethisthewrongway”.
Според истражување објавено од „Њујорк тајмс“, 55 отсто од возрасните Американци одговориле дека се соочуваат со стрес во текот на целиот ден.
За споредба, во Европа, само 35 проценти од возрасните го имаат тој проблем.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.