Врањеш ја лежел Карлеуша повеќе од две години?

Според она што беше објавено како статус од негова страна работата не била воошто наивна туку имало сериозна афера позади нив двајца. Еве го статусот во целост:
„Почитувани претставници на медиумите, немаше да го сторам ова ако не бев изложен на тортури, обвиненија и закани на моето семејство од страна на госпоѓа и господин Карлеуша. Со оглед на тоа дека се подготвени да направат се само да се одбранат себе си и своето семејство, ја сум подготвен да ја кажам целата вистина, а тоа е следната: Јелена и јас се запознавме преку Инстаграм пред две години и така се започна. Таму си ги разменивме и телефонските броеви и така започна се ова. За тие две години доживеавме се и сешто. Од заеднички патувања, доаѓања кај мене во Атина, гледања на разни места, па дури и кај нејзе во куќата. Во сето тоа имаше убави и помалку убави моменти. Пресветата Јелена сега глуми јака жена, а преку пријатели и познаници моли и плаче, што е типично за нејзе, кога нешто и треба. Затоа да утврдиме: јас не сум ниту нејзин фан, ниту психопат, како што таа сака да ме претстави, тоа попрво ќе биде она самата и подготвен сум со докази да го докажам тоа. Никого ниту сум бркал на интернет, ниту сум присилувал, се беше доброволно, на заедничко задоволство. Затоа, господине Карлеуша и госпоѓо Тошиќ, виновникот барајте го меѓу вас, а не кај мене. Доцна се сетивте на патетиката и спинувањето. Мене ми е многу жал што на сето ова е изложено моето семејство, но ова е единствен начин да ја кажам вистината, а со тоа да се заштитам самиот себе и моето семејство од понатаможни обвиненија. За почеток еве ви еден доказ. Со почит, Огнен Врањеш“, напиша фудбалерот.

Повеќе за КАРЛЕУША ПРОЧИТАЈТЕ СЕГА!!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.