Галетите од тиквички се совршен (про)летен оброк: Сочни, здрави и превкусни

Овој деликатес е совршен за топлите пролетни и летни денови…
Потребни состојки:
– 1 шолја ситно рендани тиквички (не ги лупете, не ги цедете и изберете млади тиквички)
– 1/2 шолја кефир (може и кисело млеко или јогурт)
– 1 јајце
– 1/4 шолја масло за јадење
– 1/4 шолја пченкарно брашно (може и палента)
– 1/2 шолја интегрално брашно (ржано, овесно, пченично или по ваш избор)
– 1/3 кесичка прашок за печиво
– малку сол, бибер и лук во гранули (по избор)
Начин на припрема:
Припремата на галетите започнете ја така што ситно ќе ги изрендате тиквичките. Отприлика измерете ја потребната количина и додајте го кефирот и јајцето.
Изматете го сето тоа со вилушка, додајте масло, а потоа и преостанатите состојки. Галетите се прават со помош на апарат за вафли. Кога ќе се загрее апаратот, намастете го, па ставете ја смесата.
Галетите се печат една минута, без да го отворате апаратот. Од оваа количина се добиваат отприлика 6 парчиња, кои се одлични како замена за леб или додаток во оброкот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.