Генералниот секретар на Иванов бил присутен на 27 април во ВМРО-ДПМНЕ, потврди Претседателот

Генералниот секретар на Иванов бил присутен на 27 април во ВМРО-ДПМНЕ, потврди Претседателот. Што тоа значи и какви импликации носи?
На прес конференцијата Иванов потврди дека генералниот секретар на претседателскиот кабинет Борис Јосифовски за време на нападот на Собранието на 27 април лани бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ на 8. кат, каде според сведочењето на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа оперирал парамилитарниот партиски штаб кој го координирал нападот.
Според ова може да се претпостави дека има одредена координација помеѓу врвот на партијата и кабинетот на претседателот… Иванов сепак денеска демантираше дека било можно да се прогласи воена состојба на 27 април минатата година.
После сите случувања деновиве многу дилеми се отворени. Дали на 27 април имавме народен револт или теледиригирана фарса, која требало да биде употребена за некој да се спасува од прогон?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.