Вработените во Грција во средата започнаа 24-часовен генерален штрајк кој го парализираше сообраќајот низ целата земја, училиштата и другите образовни институции не работат, а во болниците се примаат само итни случаи.Двата најголеми грчки синдикати, синдикатот на работниците во приватниот сектор GSEE и синдикатот на работниците во јавниот сектор ADEDY, го организираа штрајкот во знак на протест против намалувањата на платите и зголемувањето на даноците.Овие два синдиката, со коишто се опфатени околу 2,5 милиони работници, од 2009 година кога почна грчката криза одржаа низа штрајкови, тестирајќи ја волјата кај повеќето грчки влади досега за спроведување на реформите и непопуларните жестоки мерки за штедење во атмосфера кога во земјата постојано се зголемува незадоволството од ваквите мерки.„Штрајкот е наш одговор на политиката на слепа улица, којашто ги исцеди нашите работници, го осиромаши општеството и доведе до рецесија и криза, Нашата борба ќе продолжи сé додека се продолжува да се спроведува таквата политика“, соопшти синдикатот GSEE.Зачестеноста на штрајковите во Грција последниот период се зголеми поради сé поголемата невработеност и сиромаштијата што ја зафати земјата.Шестчасовната посета на францускиот претседател Франсоа Оланд во вторникот на Атина речиси мина незабележително, бидејќи штрајкуваа вработените во медиумите. Дури вечерта по налог на судот штрајкот на вработените во државната телевизија беше прогласен за нелегален и беше емитуван опширен прилог за тоа како Оланд ги фали политиките на премиерот Антонис Самарас и ветува вклучување на француските компании во грчката приватизациона програма.Во северна и централна Грција фармерите штрајкуваат веќе цел месец, протестирајќи против зголемувањето на трошоците на производството, повремено блокирајќи ги важните сообраќајници низ земјата.Поголемиот број компании и јавни институции се затворени во средата, имајќи предвид дека на штрајкот, покрај другите, му се приклучија и наставничкиот кадар, персоналот во железницата, вработените во автобуските компании, медицинскиот персонал и вработените во банките.Се очекува дека штрајкот и протестите ќе ја имаат својата кулминација подоцна во среда на централниот атински плоштад Синтагма наспроти зградата на грчкиот парламент.
Макфакс Вработените во Грција во средата започнаа 24-часовен генерален штрајк кој го парализираше сообраќајот низ целата