Готов за 10 минути и совршено кремаст: Пролетен СЛАДОЛЕД ОД ВИШНИ 

Температурите растат, а за гурманите тоа значи – враќање на сладоледот!
Ако претходно го чувавте грлото, сега е време да се опуштите и да уживате во ладни и кремасти десерти, а тешко дека ќе најдете нешто повкусно од оваа домашна варијанта која изобилува со прекрасната арома на вишни.
И, најдобро од сè, се прави за кратко време!
Состојки:
300 грама цреши
300 милилитри јогурт
200 милилитри ладно млеко
200 грама шлаг
100 грама кристален шеќер
сок од исцедени вишни
листови од нане


Подготовка:
Во ладно млеко изматете го шлагот со миксер додека не добиете густа и мазна смеса.
Во блендер измешајте добро измиени цреши без кори, но оставете една шака вишни на страна, па додате го јогуртот и кристалниот шеќер и блендирајте додека не добиете компактна маса.
Цело време матете со миксер, оваа смеса од вишни додајте ја во шлагот. Потоа истурете во сад во кој ќе го замрзнете сладоледот.
Ставете го во замрзнувач околу 15 минути, а потоа фрлете ги измиените листови нане, оној грст вишни што сте ги оставиле на страна и прелијте ги со целиот сок од вишни доколку ви остане при подготовката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.