Сите добро знаеме дека морето е многу лековито. Тоа го докажува и науката која вели дека 10 дена поминати на море го закрепнува целиот организам.
Но, тие благодети можете да ги „создадете“ и дома, со самото користење на морска сол.
Морската сол содржи над 80 хемиски елементи, започнувајќи од натриум-хлорид преку калиум и магнезиум до манган, благодарение на кои има повеќекратни корисни дејства врз човечкиот организам.
Ова се 7-те предности на морската сол во исхраната:
1. Морската сол го алкализира телото и со тоа помага во балансирање на нивото на киселина во организмот.
2. Морската сол има моќ да го зајакне имунитетот, па организмот станува поотпорен на разни автоимуни болести, грип и алергии.
3. Научниците докажале дека редовното консумирање на морска сол растворена во чаша вода може значително да го намали нивото на лошиот холестерол во телото.
4. Докажано е дека морската сол ја подобрува структурата на коските, а нејзината редовна употреба може да го забави развојот на остеопороза.
5. Морската сол е добар извор на калиум што ја прави делотворна против грчеви во мускулите.
6. Морската сол се смета за природен прочистувач на крвта бидејќи делува како антиоксидант и ги уништува слободните радикали.
7. Морската сол ја подмладува кожата „одвнатре“ бидејќи благодарение на минералите кои ги содржи успешно се бори против акни, псоријаза, егзема и предвремено стареење.
Совршен пилинг за лице
Доколку сакате да се негувате на природен начин, пилингот за лице од морска сол и маслиново масло е идеален за вас.
Помешајте една лажичка фино сомелена морска сол и 1-2 лажички маслиново масло или кокосово масло за да добиете густа паста. Со нежни кружни движења втријте ја на кожата на лицето, а потоа измијте со млака вода.
Доколку помешате морска сол и мед, ќе добиете совршена маска за лице која ќе ги смири воспаленијата и иритациите на кожата.
Морска сол за сјајна и здрава коса
Морската сол е природен лек за масна коса. Освен што го чисти скалпот, со што косата добива природен волумен, таа го потхранува влакното и го отстранува првутот.
Примената е едноставна: земете шака морска сол и масирајќи втријте ја на темето на главата. Оставете 10-15 минути да делува, а потоа измијте ја косата со вода (можете и со шампон).