Една девојка која открила дека момчето ја изневерува пред да тргнат на патување низ Европа, смислила интересен начин за одмазда.
Девојката, која на социјалните мрежи го носи прекарот „iknow_girl“ детално го опишала крајот на нивната 18-месечна врска откако пронашла пораки кои тој ги разменувал со наводна пријателка.
Во неколку видеа, таа споделила серија од фотографии снимени во текот на нивната 9-неделна европска авантура на која се гледа како држи ливчиња со кратки пораки додека го фотографира неверното момче пред познатите знаменитости.
Секоја од пораките е потпишана со хаштагот #iknow (знам) и се однесува на некој сегмент од нивниот однос – од љубов до неверство.
„Заминав на 9-неделно патување низ Европа со момчето кое ме изневеруваше во текот на целата наша врска, а тоа го дознав еден ден пред тргнување и не сакав да изгубам илјадници долари поради надоместот за откажување“, вели таа на едно од видеата.
На едно ливче напишала дека нејзиното момче често одело на патувања со пријателите за да биде со други жени. Додека таа ја покажува и фотографира пораката, во позадина се гледа тој како позира пред Ајфеловата кула, веројатно не претпоставувајќи дека фотографиите од најубавите места во Европа се всушност упропастени.
Уште една фотографија, направена пред лондонскиот Биг Бен гласи: „Тој не знае дека знам дека ме изневерува“.
Конечно, последната фотографија го прикажува момчето пред Лондонскиот мост со белешка на која открива дека ќе раскине со него по ова патување.
„Дури кога дојдов дома, му го испратив колажот кој го направив заедно со многу долга порака во која опишав дека завршив со него. На крајот ми остави аудио порака од 30 секунди на Снепчет во која ми се извинува за тоа што го направил“, вели девојката.
Многу корисници на социјалните мрежи ѝ упатиле позитивни коментари и пофалби на девојката, велејќи дека ова е многу „зрел начин на одмазда“, пренесува „The Post“.