Градоначалникот на Чешиново Облешево кој е позитивен на КОРОНА ВИРУСОТ за Канал 77 – добро сум, се е во ред!

Градоначалникот на Чешиново Облешево за Канал 77 – добро сум, се е во ред!

Во емисија на Канал77 даде изјава градоначалникот Крстев кој е позитивен на КОРОНА ВИРУС и е во изолација.

Првиот контакт со починатиот бербер од Кочани кој беше позитивен на коронавирус, градоначалникот Крстев вели дека го имал на 23 ти март. Откако дознал дека берберот е позитивен на корона, тој и неговото семејство веднаш се самоизолирале.

Ги известил сите што бил во контакт и како што рече никој до сега не е позитивен на КОРОНА ВИРУСОТ. Тој според терминологијата на тестирањата е АСИМПТОМАТСКИ случај, односно е без никакви симптоми…

Не покачил нити темпрература, нити осетил било каква промена се до денеска… Од општината сеуште нема никој позитивен.

ПРОЧИТАЈТЕ УШТЕ И:

Градоначалникот на Чешиново-Облешево е заразен со коронавирус

Шилегов и Коце се скараа – чија е донацијата од Кина, на цели 50.000 маски

Како во СССР се запирале епидемиите од смртоносни болести?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.