Гранада, бисерот на Андалузија

Гранада е град и центар на истоимената провинција во шпанската заедница Андалузија, сместена во подножјето на Сиера Невада и по течението на реката Беиро, Даро и Генил.
Гранада е позната по уметничките дела, по маурската палата Алхамбре и Алмохадијските улици во маалото Албаисин, и сите драгоцени историски сведоштва што тие ги кријат. Таа се смета за најубавиот град во Андалузија.

Со оглед на тоа што во одреден период Гранада била главен град на муслиманска Шпанија, преполна е со безброј споменици со арапска уметност од 13от век, меѓу кои се наоѓаат и онакви споменици кои се заштитени од УНЕСКО како светско културно наследство, како Алхамбра, Генералифе, Медреса…

Стариот дел од градот е полн со опасни скалила, стрмни улички и нанижани куќи. Оние кои имале можност да го посетат овој град велат дека задолжително за посетата е искачување на највисоката точка од градот од каде има неверојатни глетки на градот и над најголемиот и најважниот споменик, Алхамбра.

Гранада, покрај муслиманските споменици нуди и готска уметност. А, најубавиот и најромантичен дел од Гранада според многу туристи се бескрајните плантажи со портокали и маслинки.

Покрај другото, Гранада е универзитетски град, познат по својата репутација низ целиот свет.

Гранада е град и центар на истоимената провинција во шпанската заедница Андалузија, сместена во подножјето на Сиера Не

Пронајдете не на следниве мрежи: