1 зрело манго
1 банана
150гр. густ јогурт (јас користев домашно кисело млеко)
1/2 лажица сок од лимон
неколку лажици домашна гранола
по желба свежо овошје (боровинки, малини, јагоди, рибизли)
Мангото излупете го и исечете го на парчиња, ставете ги во длабок и висок сад. Додадете ја бананата, јогуртот и сокот од лимон и измиксајте со рачен миксер да добиете мазна и густа смеса. Ставете ја смесата во длабок сад за послужување, додадете одозгора домашна гранола и овошјето. Послужете.
Пријатен појадок!