Груевски со азил во Будимпешта, Сашо во притвор. Кој е следниот? Македонија со сменета политичка слика во само еден ден. Зошто?
Повеќе од јасно е дека нема да има милост за никој кој е замешан во циркусите кои што ги живееме во послените 4-5 години. Груевски иако велеше него да го апселе, а Македонија да ја оставеле отиде подалечку. Дури до Будимпешта. Партијата ја остави на бришан простор. Сега се е можно. Двајца од играчите во „Талир“ Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се веќе зад решетки. Од денеска и Сашо. На Мијалков му е одредена за предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) „Тврдина-Таргет, каде што тој е главен обвинет за нелегално прислушување на илјадници граѓани на Република Македонија.
Пред некој ден и Орце за „Империја“е во притвор… Она што некогаш се чинеше недопирлива структура која што ќе ја владее Македонија и од задгробниот живот веќе не е ни бледа сенка…
Кој е следниот? Дали Мартин Протугер? Можеби Марјан Цветковски? Или некој од пратениците кои се сега ослободени за да изгласаат промена на Уставот? Се чека ли да го сменат името па да им се отвори патот кон притворот?