Грујо од Пешта си гази СПОРЕД АНКЕТА НА ИРИ Е НАЈПОПУЛАРЕН ВО „НАШАТА ЗЕМЈА“

Близу 40% проценти од испитаниците не гледаат позитивно кон ниту еден политичар. Така било и лани во ноември (40%), така било и годинава во октомври (38%), покажува анкетата на ИРИ. Лани во март, пак, таа бојка била 13%.

Народот се измори од политичките елити?

Колку сме зацапале во кал покажува и оваа анкета, ако е релевантна, оти се навикнавме секој да си нарачува и штима анкети за свои потреби. Според истата, Ахмети, Ковачевски и Мицковски треба да си исчезнат тивко, оти човек што со години не е во државава и е во азил е попопуларен од нив.
Грујо од Пешта си гази СПОРЕД АНКЕТА НА ИРИ Е НАЈПОПУЛАРЕН ВО „НАШАТА ЗЕМЈА“

Меѓу оние што сепак гледаат со позитивна наклонетост кон одреден политичар, 7% како таков го посочиле поранешниот премиер Никола Груевски. Зад него се Мицкоски и Ахмети, на кои позитивно гледаат 6% од оваа група испитаници, па потоа Ковачевски (5%), па Апасиев, Касами и Пендаровски (3%), а зад нив Заев, Села и Црвенковски (2%).

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.