Синдикатот на вработените во грчката државна телевизија објави во вторникот вечерта дека ќе ја продолжи работата откако судот го прогласи за нелегален нивниот штрајк.Во вторникот грчките новинари одржуваат 24-часовен штрајк. Владата ги обвини медиумите дека тие намерно го игнорираа доаѓањето на францускиот претседател Франсоа Оланд, кој во вторникот имаше куса посета на Атина.Судот го прогласи за незаконски штрајкот на двата новинарски синдиката, но упатил барање за прекин на штрајкот само до синдикатот на вработените во државната телевизија. Другите медиуми, вклучувајќи ја и новинската агенција MNA, весници, интернет портали и телевизиски станици сé уште се во штрајк.По одлуката на судот за незаконитоста на штрајкот во државната грчка телевизија, таа емитуваше детален прилог за посетата на францускиот претседател Франсоа Оланд, кој изрази поддршка за грчкиот премиер Антонис Самарас во спроведувањето на непопуларните реформи и мерки за штедења и вети инвестиции и учество на француските компании во локалната програма за приватизација.Портпаролот на владата во Атина ја обвини за поттикнување на штрајкот парламентарната левичарска опозициска коалиција СИРИЗА. Во текот на околу шест часа, колку што траеше посетата на Оланд на Атина, францускиот претседател не најде време да се сретне со лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, чија коалиција е речиси изедначена во анкетите со владејачката конзервативна Неа демократиа на премиерот Самарас.Новинарите не се согласуваат со тоа и велат дека протестираат против намалувањето на нивните плати.
МакфаксСиндикатот на вработените во грчката државна телевизија објави во вторникот вечерта дека ќе ја продолжи работата