Даблин го изгуби приматот град во кој консумира најмногу алкохол


Даблин, според новото истражување, не е градот во кој најмногу во светот се пие.

Даблин заврши на второто место, зад атрактивната европска туристичка дестинација – Прага, главниот град на Чешка.

Во една неодамнешна студија за дестинации за „високо пиење“, туристичката платформа Holidu состави листа на градови каде најмногу се пие.

Ова рангирање се заснова на бројот на доцните ноќни активности достапни во градот и процентот на локални пијаници кои имале „тешка сесија“ во последните 30 дена – речиси половина во случајот со Даблин, според студијата.

Истражувањето, исто така, тврди дека неверојатни 81,3 отсто од ирското население пие алкохол, што е највисок процент од која било анализирана земја.

Сепак, градот кој се рангира над Даблин е Прага, каде локалното население консумира најмногу пијалоци по глава на жител во светот со околу 481 пиво по човек.

Речиси 19 проценти од сите „работи што треба да се прават“ на TripAdvisor во Прага вклучуваат алкохол, од пабови до средновековни коктел барови.

Берлин е рангиран на третото место, а студијата тврди дека четири од пет Германци пијат алкохол по просечна цена од 4,52 евра за литар.

Сепак, британскиот Метро пишува дека Даблин можеби неправедно го пропуштил првото место бидејќи главниот град на Република Ирска има многу атракции поврзани со алкохолот и дури е дом на Гинисовата продавница – водечката туристичка атракција во Европа.

Токму ова место е прогласено за најдобра туристичка атракција во Европа во 2023 година според World Travel Awards.

Пронајдете не на следниве мрежи: