Левица на државно ниво освои 4,1% од гласовите, со над 38.000 освени гласови, оваа партија доби два пратенички мандати и станува парламентарна партија.
По изборни единици најлошо помина во Шестката со освоени 1,53%, најдобро во Единициата со освоени 7,32%. Во Тројката, од каде доби пратеник, Левица освои 4,55% од гласовите.
Дали коалицијата „Можеме” предводена од СДСМ , ќе ја гледа Левица како потенцијален коалиционен партнер за формирање на Влада ќе се знае по конечните резултатите кои што се очекуваат од ДИК. Со веќе сигурно освоените два пратенички мандати Левица може да биде сериозен фактор за формирање на Влада.
Доколку Заев и коалицијата „Можеме” со конечните резултати остане на 46 мандати тогаш би требало да обезбеди поддршка од уште најмалку 15 пратеници за ново парламентарно мнозинство и за состав на влада. Секој мандат повеќе, пак, би му обезбедил на лидерот на СДСМ поголема комоција во Парламентот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.ДИК со неофицијални податоци: СДСМ – 46 пратенички места, ВМРО-ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15