Витаминот Ц е многу важен за човечкиот организам, бидејќи освен тоа што го подобрува имунолошкиот систем, тој му помага на телото да се одбрани од сезонски настинки и грип, а го намалува и ризикот од хронични и срцеви заболувања.
Од друга страна, недостатокот на витаминот Ц предизвикува многу здравствени проблеми како што е губењето на телесната тежина, умор, инфекции на уринарниот тракт и слично.
Овој витамин делува како антиоксидант и спречува оштетување на клетките, а потребен е и за биосинтезата на колагенот.
Сепак, лекарите предупредуваат дека треба да се внимава со употребата на витаминот Ц, бидејќи со претерано внесување може да се предизвикаат проблеми со варењето на храната, дијареа, мачнина и грчеви во стомакот.
- Џенифер Лопез проговори за тоа како ги надминува тешкотиите по разводот со Бен Афлек: „Се е со причина“(Фото)
- САД може да ја напуштат СЗО на првиот ден на Трамп, вели Фајненшл тајмс
- Леонардо ди Каприо откри кој актер имал најголемо влијание врз него.
- Орбан ја обвини миграцијата за терористичкиот напад во Германија
- Млад возач тешко повреден, со автомобил излетал од патот Македонска Каменица-Кочани
- Русите го нападнаа штабот на ЦИА: Масовни ракетни напади врз голем број стратешки цели во Киев
- Целиот свет се тресе: Откриено кога НАТО може да биде нападнат! „Не сме подготвени за она што Русија го подготвува“
- Од јануари овде е забрането пушење на отворено: Казни до 240 евра
- (Видео) Илјадници луѓе по улиците ширум Србија: Пораката една – ГОТОВ Е!
Исто така, витаминот Ц може да го зголеми процентот на киселини во бубрезите и на тој начин да се создадат камења или песок во бубрезите.
Се прашувате како може да препознаете дали вашето тело има недостаток на витамин Ц? Лесно е. Ако чувствувате малаксаност, болки во зглобовите, имате сува кожа или инфекции, голема е веројатноста дека на вашето тело му недостасува витамин Ц.
Освен во вид на апчиња, витаминот Ц можете да го консумирате преку јадење цитрусно овошје, а исто така го има во зелениот зеленчук, односно во зелката, шипката, кивите, јагодите, чили пиперчињата, црвената и зелената пиперка, прокељот, брокулата, ананасот и папајата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.